Што е лизинг?
Поимот лизинг има англиско потекло и во превод значи да се изнајми нешто. Во Словенија зборот лизинг има различна конотација. Сметководителите го нарекуваат „кирија“.
Во секој случај, овој термин означува посебна форма на финансирање за употреба на опрема и недвижни сопствености. Лизинот не е ниту комплетно изнајмување ниту кредит (комплетно позајмување) но сепак ги соединува елементите од двете финансиски форми. Предметот на договор е одобрен за употреба со лизинг (со одредени сигурности за одреден временски период на употреба). Според тоа, оној што го издава лизингот, го купува предметот на договор и го изнајмува на клиентот кој го користи лизингот. Клиентот за користење на предметот на договор плаќа „кирија“ за употреба на предметот според договорот со изнајмувачот. Оној што го издава лизингот е сопственик на предметот се додека не престане важноста на договорот. По завршувањето на договорот, клиентот може да го откупи предметот.
Разлика помеѓу кредит и лизинг
Разликата помеѓу кредит и лизинг е во осигурувањето на долгот кон кредиторот – изнајмувачот. Според принцип, кај лизингот не е потребно додатно осигурување на предметот кој се изнајмува затоа што истиот е сопственост на кредиторот – изнајмувачот додека кај кредитот сопственоста на предметот припаѓа на клиентот па затоа е потребно осигурување.
Предности на лизингот во споредба со останатите форми на финансирање
- Лизингот Ви овозможува подобри услови на финансирање според индивидуалните потреби
- Процедурата на одобрување е брза и едноставна
- Клиентите имаат одредено влијание врз целосниот процес и трошоците
- Можноста за добивање на лизинг на ново основаните компании кои имаат низок кредитен рејтинг е поголема
- Клиентите имаат можност да вложат - учествуваат до 90% од вредноста на инвестицијата
- Обично не е потребно додатно осигурување на инвестицијата дури и кога истата е долгорочна
- Финансиската инвестиција кај некои форми на лизингот НЕ го намалува Вашиот кредитен потенцијал и истовремено Ви овозможува поголем капитал на располагање
- Лизингот Ви овозможува и додатен расположлив капитал
Основни форми на лизинг
- Финансиски лизинг
- Оперативен лизинг
- Продажба и повторно изнајмување
- Инвестиционен лизинг
Финансиски лизинг
Финансискиот лизинг е најупотребувана форма на лизинг и исто така најсоодветна за физички и правни лица. Во овој тип на лизинг, клиентот – корисникот на лизингот се стекнува со сопственост на предметот на договорот (најчесто тоа е: автомобил, куќа или стан) откако за истиот ќе ги исплати сите месечни рати. Се додека трае договорот, оној кој го издава лизингот е сопственик на предметот на договор.
Оперативен лизинг
Оперативниот лизинг е наменет за клиенти кои се пред се заинтересирани за употреба на предметот на договор но не и за негово (от)купување. Оваа форма на лизинг обично се употребува од страна на правни лица или приватни претприемачи кои имаат капацитет да ја прилагодат сумата на месечни изнајмувања. По истекот на договорот тие имаат можност да го продолжат лизингот, да го вратат или да го откупат (исплатат) истиот.
Балансна листа и даноци кај оперативниот лизинг.
Клиентот може да има бенефиции од сите предности кои финансирањето надвор од балансната листа. Целиот лизинг претставува трошок во вашата балансна листа што значи дека ја намалува сумата која треба да биде оданочена.
Продажба и повторно изнајмување
Сопственикот на предметот на договорот на лизингот го продава предметот на издавачот на лизингот за договорена цена, и истиот издавач потоа го изнајмува по пат на финансиски или оперативен лизинг на клиентот. На овој начин компаниите можат да стекнат додатни финансиски добра кои се наменети за:
- Зголемување на капиталот со цел проширување на деловните операции
- Нови инвестиции
- Рефинансирање
Инвестиционен лизинг
Овој тип на финансирање е наменет и за физички но претежно за правни лица и важи само за неподвижна сопственост. Овој тип на лизинг Ви ја овозможува поддршката за изградба на згради со повеќе целна намена, складишта, хали за производство, деловни објекти и слично. Учеството кое е потребно се одредува индивидуално во зависност од инвестицијата.
Менаџмент за ризик
Активностите на Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО се однесуваат на следните типови на ризик:
- Оперативен ризик
- Ризик од кредит
- Ризик од заостанати вредности – долгови
- Ризик од осигурување
Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО ги идентификува горенаведените ризици и превзеде чекори за да ги минимизира истите на најефективен начин. Сите процеси се изоштрени и се во подготовка за имплементација на меѓународната капитална рамка Базел II.
Зо зголемување на транспарентноста на осетливоста на ризикот во индивидуалните процеси, овие напори имаа големо влијание на дисциплината на менаџментот на ризик на групно ниво. Моделите кои се користат да го проценат ризикот при подигање на кредит особено оние кои се однесуваат на корпоративни клиенти а кои се корисници на Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО, се подобрени и воведен е систем за извештаи.
Понатаму, развиен е модел кој овозможува преглед на сите капитални побарувања како одговор на барањата на вториот столб на меѓународната капитална рамка Базел II.
Оперативен ризик
Менаџментот за оперативен ризик се фокусира на идентификување на слабостите на внатрешните процедури и надворешните причинители на намерно или ненамерно нанесување на штета на компанијата.
Процедурите се адаптирани да се спречат загуби или да се намали нивното влијание.
Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО активно менаџира со оперативните ризици на локално и централно ниво, и притоа користи три алатки за поддршка. Првата алатка е централна датабаза која се користи за собирање и анализа на информации на оперативните загуби додека втората алатка се методите за проценка на ризик.
Ризик од кредит
Кредибилитетот на корпоративните клиенти се набљудува постојано со помош на глобален кредит менаџмент систем што вклучува модел дизајниран да ја пресмета можноста клиентот да не биде способен да ги подмири своите обврски навреме.
Ризик од заостанати вредности – долгови
Разликата на заостанатата вредност (вредноста на возилото на крајот на лизингот пресметана предвреме од страна на Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО) која може да се разликува од актуелната пазарна цена на крајот на лизингот, се смета како пазарен ризик. Заостанатата вредност има најголемо влијание од страна на надворешни фактори но внатрешните процедури се дизајнирани за да го намалат ова влијание.
Ризик од осигурување
Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО ги продолжува услугите на осигурување на растечки број на возила. Ова не само што го вклучува ризикот од оштетување на возилото туку исто така вклучува и ризици поврзани со штета од трети лица, безбедност на патниците како и легална помош.
Талент што ве носи понатаму
Работата на Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО се луѓето. Ние работиме со клиенти, возачи и мобилност. Возилата се алатки, луѓето се на прво место.
Талентираниот тим на Микро Кредит Лизинг Сосиети ДОО ја користи својата имагинација и искуство за да се стават на местото на клиентите. На овој начин тимот наоѓа нови начини како да се дојде до подобрување на нашите услуги. Тоа се фантастична група на луѓе со кои соработувате!


