Print

Што е микро финансирање?

За многумина, микро финансирање значи снабдување со ниска сума на кредити (микро кредити) на семејствата со многу ниски приходи со цел истите да се вклучат во продуктивни активности или да го зголемат растењето на своите мали бизниси.

Со текот на времето, микро финансирањето вклучува и поширок обем на услуги (како што се штедењето, осигурувањето и други) затоа што лицата или семејствата со многу ниски приходи немаат пристап до традиционалните и формални финансиски институции па така им се потребни различни финансиски производи.

Микро кредитите имаа најголем успех во текот на 1980-тите иако со истите се експериментирало и 30 години порано во Бангладеш, Бразил и други земји. Најважната разлика на микро кредитите беше фактот што се избегнаа сите падови на целните позајмици за развиток, со инсистирање на враќање (исплата), со наплата на каматни стапки кои ги покриваа трошоците на испорака на кредитот и исто така со фокусирање на групи на клиенти чиј што алтернативен извор на кредитирање беше неформалниот сектор.

Според тоа, целта на микро кредитирањето се смени изградба на локални, самоодржувачки институции кои ќе им служат на лицата или семејствата со многу ниски приходи наместо рапидно распределување на кредити на одредени целни групи.

Микро кредитирањето во најголем дел е (било) приватна непрофитабилна иницијатива што избегнува да биде политичка, и како последица на тоа има одлични резултати споредена со останатите форми на развојно кредитирање.

Традиционално, микро финансирањето е фокусирано на снабдување на стандардизирани кредитни производи. Како на сите така и на лицата или семејствата со многу ниски приходи им се потребни разни финансиски инструменти за да можат да капитализираат, да ја стабилизираат потрошувачката или да се заштитат од разни ризици.

На тој начин, гледаме проширување на концептот на микро финансирање – нашиот моментален предизвик е да се најдат ефикасни и веродостојни начини за да се зголеми обемот на микро финансиски производи.


Кои се клиентите кои користат микро финансирање?

Вообичаени клиенти кои користат микро финансирање се обично лица со ниски месечни приходи кои немаат пристап до формалните финансиски институции. Клиентите се обично само-вработени најчесто домашно базирани претприемачи. Во руралните области тоа се обично фармери и останати лица кои се вклучени во активности кои носат мал приход како што е ситната трговија и преработката или одгледување на храна. Во урбаните области микро финансиските активности се поразлични и вклучуваат сопственици на дуќани, давачи на услуги, артизани, улучни препродавачи и останати. Клиентите на микро финансирањето се најчесто лица со многу ниски приходи или лица кои имаат релативно стабилен приход но се сепак ранливи на промени.

Пристапот до конвенционалните и формални финансиски институции е обврзувачки поврзан со вашиот приход: што понизок е вашиот приход  толку помал е вашиот пристап до овие формални финансиски институции. Гледано од друга точка, шансите се дека што помал приход имате толку поскапи ќе ви бидат овие финансиски (со формалните институции)  договори.

Понатаму, договорите со овие институции не значи дека ги задоволуваат вашите финансиски потреби. Токму тие лица кои не се задоволени се клиенти на микро финансирањето.

Како што се зголемуваат типовите на услуги на микро финансирањето така потенцијалниот пазар за нашите клиенти се зголемува. На пример, микро кредитирањето може да има поголем пазарен потенцијал отколку останатите формални штедења, плаќања и осигурување.

септември 2009
Денес, бевме прифатени како нов член на Европската мрежа за микрофинансирање, водечки микрофинансиране мрежа во рамките на Европската унија...